Неколку лица завршиле во болница по пожар што избувнал во паркирано возило во Куманово. Инцидентот се случил доцна вечерта на улицата „Тоде Мендол“, каде според пријавата, се запалил автомобил „смарт брабус“ со швајцарски регистарски ознаки.
Според информациите од полицискиот билтен, лицата кои биле во близина на местото на настанот вдишале чад и поради тоа биле пренесени во Ургентниот центар во Куманово за укажување медицинска помош.
На терен интервенирала Територијалната противпожарна единица од Куманово, која успеала да го изгасне пожарот и да спречи поголеми последици.
По настанот, увид извршила екипа од СВР Куманово, а се работи на утврдување на причините за избувнувањето на пожарот.









