ПРВ.мк
Црна Хроника

Го удри девојчето и побегна, но полицијата го најде: Следува кривична за возачот од Скопје

Го удри девојчето и побегна, но полицијата го најде: Следува кривична за возачот од Скопје
Kristal

Полицијата го пронајде возачот кој пред два дена удрил 11-годишно девојче во Скопје и избегал од местото на несреќата. Станува збор за С.Б. од Скопје, против кого ќе биде поднесена кривична пријава.

Според информациите, малолетничката била донесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки телесни повреди. Случајот бил пријавен на 16 март 2026 година, а според наводите, несреќата се случила околу 13:20 часот на крстосницата меѓу улицата „Васил Ѓоргов“, сервисната улица и улицата „Народен фронт“ во Скопје.

Во девојчето удрило патничко возило, по што возачот веднаш го напуштил местото на настанот без да укаже помош. По преземените мерки и активности, полициските службеници од СВР Скопје денеска го лоцирале и го идентификувале осомничениот.

Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, како и по член 301 за неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода.

Случајот предизвика реакции во јавноста, особено поради тоа што станува збор за дете со тешки повреди и возач кој избегал наместо веднаш да помогне.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo