Улицата „Илинденска“ во Тетово вчера напладне стана сцена на вистински хорор, каде наместо со европски записник, мал сообраќаен инцидент се решавал со насилство и закани. Млад тетовчанец реши правдата да ја земе во свои раце, но заврши директно во полициска станица со лисици на рацете.
Инцидентот се случил вчера околу 14:15 часот, кога по судир со материјална штета, 19-годишниот Б.Т. целосно ја изгубил контролата. Наместо да почека полиција, тој се впуштил во брутална пресметка со 34-годишниот Х.Б. од село Теново. Сведоците велат дека младиот тетовчанец не само што се однесувал агресивно, туку и дрско барал пари на лице место за наводната штета.
Кога уцената за пари не му поминала, Б.Т. извадил „тешка артилерија“ – со тврд предмет почнал бесно да удира по возилото на другиот возач, предизвикувајќи дополнително оштетување и страв. Она што започна како обично невнимание во сообраќајот, за момент се претвори во криминално дело за кое 19-годишникот скапо ќе плати.
Припадниците на СВР Тетово реагирале молскавично и го привеле насилникот на самото место. Додека возилото на нападнатиот возач е во урнатини, полицијата веќе го документира случајот. Против младиот „силеџија“ ќе биде поднесена кривична пријава која долго ќе го потсетува дека улицата не е место за самоволие.
















