ПРВ.мк
Црна Хроника

ОПАСНОСТ ВО ДВОР: Пронајдена граната во двор - МВР со детали!

ОПАСНОСТ ВО ДВОР: Пронајдена граната во двор - МВР со детали!

Во село Долно Агларци, општина Новаци, бил пронајден опасен воен експлозивен остаток додека жител работел во својот двор.

Според пријавата во Министерство за внатрешни работи на Северна Македонија, на 17.04.2026 година граѓанин при градинарски работи открил стара граната и веднаш го пријавил случајот.

Следниот ден, пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување на Северна Македонија извршил безбедно подигање и утврдил дека се работи за артилериска граната со калибар 105 мм, која потекнува од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно отстранета, а надлежните уште еднаш апелираат граѓаните да не допираат вакви предмети, туку веднаш да пријават на надлежните служби, бидејќи старите експлозивни средства и по повеќе од еден век можат да бидат сè уште опасни.