Утрово балканските медиуми ги преплави веста за трагичното заминување на едно од најпрепознатливите ТВ лица. Алма Хускиќ (48), долгогодишната уредничка и водителка на Радио-телевизија Зеница, е пронајдена безживотна во својот дом, оставајќи ги колегите и јавноста во длабок шок.
Полицијата во Зеница била алармирана рано утрово, по што екипи веднаш излегле на местото на настанот. Портпаролката на МВР, Лејла Екиновиќ, потврди дека станува збор за женско лице родено 1978 година. Истрагата е во полн ек, а полицијата сè уште ги утврдува точните причини за смртта, кои се обвиени со мистерија додека не заврши обдукцијата.
Алма не беше само новинарка – таа беше гласот и лицето на својот град. Речиси 30 години ја градеше својата кариера во РТВ Зеница, поминувајќи го патот од млада волонтерка до моќна уредничка. Гледачите ќе ја паметат по нејзиниот професионализам во дневникот „Зеница Инфо“, но и по бројните културни емисии со кои го опплеменуваше медиумскиот простор.
Пред телевизиската кариера, таа беше острата стрела на весникот „Ослобоѓење“ и уредничка на младинското списание „ОМ“. Нејзината сестрана едукација во областа на правото и културолошките студии ја правеа една од најобразованите фигури во локалното новинарство.
Нејзиниот труд не остана незабележан. Во 2016 година, Алма доби престижно признание од УНИЦЕФ, во рамките на проектот „Медиуми пријатели на децата“. Таа беше неуморен борец за човекови права, активна во граѓанскиот сектор и посветена на менталното здравје и креативниот развој на најмладите.
Зеница денес се збогува со својата „медиумска мајка“. Додека се чекаат официјалните детали од истрагата, социјалните мрежи се преплавени со последно збогум за жената која остави неизбришлив печат во новинарството. Што навистина се случило во нејзиниот стан, останува да откријат надлежните органи.









