ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСРЕЌА СО БЕГСТВО: Прегазен пешак во Долно Седларце - но каде се крие возачот?

НЕСРЕЌА СО БЕГСТВО: Прегазен пешак во Долно Седларце - но каде се крие возачот?
Kristal

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во 20:50 часот во селото Долно Седларце, општина Брвеница, се случила сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во пешак, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Во несреќата е повреден 70-годишниот З.С. од Тетово, кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а полициските службеници преземаат мерки за идентификација на возачот и целосно расчистување на случајот.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo