Шокантен случај ги вознемири жителите на Неготино откако денеска беше пронајдено безживотното тело на 82-годишниот Д.К., кој бил пријавен како исчезнат на 21 јули.
Според информациите од полицијата, телото било откриено на локацијата „Песокот“ на Куријски пат во близина на градот. Случајот бил пријавен во Полициската станица Неготино, а на местото веднаш пристигнала Итна медицинска помош, чии лекари само можеле да ја констатираат смртта.
По наредба на јавен обвинител, телото било предадено на обдукција за да се утврдат причините за смртта. Засега не се соопштени детали дали се сомнева на насилство или смртта настапила од природни причини.
Исчезнувањето на Д.К. пред неколку дена ја крена на нозе неговата фамилија и надлежните служби, но потрагата заврши трагично. Истрагата продолжува со цел да се расветли целиот случај.