На 08 и 09 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли на повеќе локации во главниот град, при што беа лишени од слобода четворица мажи. Станува збор за:
- А.Б. (30) од Скопје
- Ј.Б. (26) од село Катланово, скопско
- Ф.И. (32) од Тетово
- Д.М. (30) од Тетово
При претрес кај нив беа пронајдени и одземени бела грутчеста и бела прашкаста материја, марихуана, ризли, како и три ножа.
По целосно документирање на случаите, против лицата ќе следуваат соодветни поднесоци согласно закон.


















