Утрово на Западниот Брег се случи трагедија која ги зовре страстите до точка на вриење! Младиот Палестинец, Мохамед Маџди ал-Џабари, го загуби животот на пат кон училиште откако во него со огромна брзина удрил автомобил на елитната безбедносна компанија „Маген“, задолжена за чување на највисоките израелски функционери.
Иако телото на младиот велосипедист сè уште беше на патот, започна вистинска војна со соопштенија. Додека влијателниот весник „Маарив“ тврди дека возилото е дел од придружбата на контроверзниот министер за национална безбедност, Итамар Бен Гвир, други извори посочуваат кон министерката Орит Строк. И двајцата живеат во оваа област, но никој не сака да ја преземе одговорноста за смртта на малолетникот.
Канцеларијата на Бен Гвир експресно ги демантираше обвинувањата, тврдејќи дека момчето излетало на црвено светло и дека нивниот возач е херој кој се обидел да ја избегне трагедијата, повредувајќи се и самиот. Сепак, палестинските извори и очевидци сликуваат поинаква, многу потемна слика. Тие известуваат дека безбедносната придружба возела со неконтролирана брзина на обиколницата кај Хеброн, оставајќи го момчето мртво на лице место.
Овој настан само долеа масло на и онака запалениот оган на Западниот Брег. Фактот што во инцидентот е вклучено возило на израелската влада предизвика бран гнев кај локалното население. Додека истрагата е во тек, прашањето останува: Дали некој министер ќе сноси одговорност или случајот ќе биде „заметен под тепих“ како обична сообраќајка?
Едно е сигурно – името на Мохамед ал-Џабари стана нов симбол на страдањата во овој вечен конфликт!









