Во еден од најконтроверзните случаи во германската историја, Марјане Бахмаер презеде правдата во свои раце и го уби човекот обвинет за убиството на нејзината 7-годишна ќерка – додека судењето се одвиваше во судница.
На 6 март 1981 година во градот Либек, Бахмаер успеала да внесе пиштол и испукала неколку куршуми кон обвинетиот Клаус Грабовски, кој се соочуваше со обвинение за киднапирање и убиство на малата Ана. Грабовски беше усмртен на лице место, пред очите на судии, адвокати, новинари и присутните, додека Бахмаер мирно седела меѓу публика и без двоумење извела акцијата.
Случајот предизвика бурни реакции во јавноста: дел од граѓаните ја поддржаа Бахмаер како мајка која се осветила за убиството на својата ќерка, додека други го осудија нејзиниот чин како опасен преседан за самоволно извршување правда.
По инцидентот, Бахмаер беше уапсена и осудена на шест години затвор за убиство. Казната предизвика поделени мислења, а нејзиниот случај се изучува и денес како пример за судирот помеѓу човечката емоција и правниот систем.
Овој трагичен настан останува еден од најшокантните и најконтроверзните случаи во Германија, отворајќи прашања за границите на правдата, моралот и болката на човечкиот живот.


















