Грчката полиција реагираше по пронаоѓањето на телата на две жени, на возраст од 42 и 46 години, кои со месеци беа пријавени како исчезнати. Труповите биле откриени во подрумски простории во солунската населба Менемени, по што двајца мажи, на возраст од 50 и 52 години, веднаш се приведени и изведени пред истражен судија.
Првиот случај се води како брутално „смртоносно силување“, додека вториот се истражува како убиство со умисла, при што жртвата најверојатно била задушена.
Полицијата предупредува дека овие настани можеби претставуваат само „врв на ледената карпа“, бидејќи начините на извршување укажуваат на патолошки профил на сторителите.

















