ПРВ.мк
Балкан

Предупредување: 17 случаи на вирусот Западен Нил регистрирани во Грција - ова се компликациите што ги предизвикуваат

Предупредување: 17 случаи на вирусот Западен Нил регистрирани во Грција - ова се компликациите што ги предизвикуваат
Escape

Во Грција се потврдени 17 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, информира Националната организација за јавно здравје (EODY).

Според податоците, во осум од случаите вирусот предизвикал сериозни компликации кај централниот нервен систем – енцефалитис, менингитис или парализа. Кај останатите девет случаи, симптомите биле поблаги или болеста поминала без значајни последици.

Засега не е објавено дали има починати лица. Вирусот се пренесува преку убод од заразен комарец, а најризични се постарите лица и оние со ослабен имунитет.

Грчките власти апелираат граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат области со многу комарци и да користат репеленти, особено во попладневните и вечерните часови.

Ask ChatGPT

Mia Home Mavrovo