ПРВ.мк
Балкан

Итно повлекување на производи на HiPP - ова е причината!

Итно повлекување на производи на HiPP - ова е причината!

Трговските синџири Spar, Mercator и Tuš во Словенија превентивно ги повлекуваат производите на брендот HiPP, откако во Австрија во тегла бебешка храна бил пронајден отров за стаорци. Производителот веднаш наредил итно повлекување на спорните серии.

Според здравствените власти, контаминираните примероци официјално не биле во продажба во Словенија, но мерката се презема од претпазливост. Слични сомнителни случаи биле регистрирани и во Австрија, Словачка и Чешка.

Постои сомнеж дека опасната материја можеби била внесена преку неовластено отворање на пакувањата, што претставува сериозен ризик по здравјето.

На што да внимаваат родителите:

  • Проверете дали има бела налепница со црвен круг на дното на теглата
  • Осигурајте се дека капакот не е оштетен и дека вакуумот е недопрен
  • Внимавајте на необичен мирис или знаци на расипаност

Доколку се забележи било каква неправилност, производот не треба да се користи и се препорачува веднаш да се врати кај продавачот или да се фрли.