Голема промена на времето ја зафаќа Македонија, откако од север пристигнува студен атмосферски фронт кој ќе донесе значително заладување и нестабилни временски услови.
Според метеорологот Славчо Попоски, промената започнува уште во текот на ноќта и ќе продолжи во вторник, со нагло опаѓање на температурите низ целата земја.
Студениот бран ќе стави крај на периодот на стабилно и потопло време, а граѓаните треба да се подготват за посвежо време, можни врнежи и засилен ветер.
Метеоролозите предупредуваат дека температурите може да паднат за повеќе степени за краток временски период, што ќе се почувствува во сите региони.
Надлежните апелираат на внимателност, особено кај ранливите категории, поради наглите временски промени.










