ПРВ.мк
Балкан

(ФОТО) Докторка од итната помош фатена како шмрка кокаин!

(ФОТО) Докторка од итната помош фатена како шмрка кокаин!
Kristal

Хрватските медиуми објавија шокантна приказна за 36-годишна докторка од итната медицинска помош во Загреб, која била фотографирана додека консумира кокаин, пренесува Dnevnik.hr.

Информациите и фотографиите за нејзиното шмркање биле доставени до медиумите и потврдени од повеќе извори. Претходно, минатата година, таа предизвикала хаос на своето работно место кога повикала колеги на интервенција која на крај се покажала како непостоечка.

Надредените сега ќе спроведат истрага заради конзумирањето на опијати, а директорот на окружниот Завод за итна медицина, Даворин Гајник, истакнува дека на докторката ѝ е потребна помош.

Докторката моментално е на две недели одмор. Пред да се врати на работа, таа ќе биде упатена на вонреден лекарски преглед за да се утврди нејзината способност да ја извршува функцијата во итната медицинска помош.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo