ПРВ.мк
Балкан

Бебе со животозагрозувачки повреди донесено во болница – уапсен член од семејството

Бебе со животозагрозувачки повреди донесено во болница – уапсен член од семејството
Escape

Во Загреб се води сериозна истрага откако бебе било донесено во болница со тешки, животозагрозувачки повреди, а полицијата веднаш реагирала по добиена пријава од здравствената установа.

Според информациите што ги објави Загрепската полиција, случајот се случил на 17 јули, во утринските часови, кога здравствените работници алармирале за сомнителни околности околу повредите што ги имало бебето.

„По добиената пријава, спроведовме кривична истрага поради сомневање дека повредите се резултат на насилство,“ – соопшти полицијата.

По преземените истражни дејствија, член на семејството бил уапсен под сомнение за сторено кривично дело – повреда на правата на дете.

Лицето ќе биде предадено на надзорникот на притворот во законскиот рок, а до Општинското државно обвинителство за малолетници во Велика Горица ќе биде поднесена кривична пријава.

Овој шокантен случај предизвика бурни реакции во јавноста, а истрагата продолжува со цел целосно да се расчистат сите околности околу повредите на бебето и одговорноста на лицето што е уапсено.

Mia Home Mavrovo