ПРВ.мк
Топ Вести

ТРАМП СО ОСТРА ПОРАКА: Ќе го срамниме Иран со земја, не заслужуваат да постојат!

ТРАМП СО ОСТРА ПОРАКА: Ќе го срамниме Иран со земја, не заслужуваат да постојат!
Kristal

Претседателот на САД, Доналд Трамп, потврди дека Соединетите Американски Држави започнале масовни воздушни напади врз Иран. Во видео објавено на неговиот профил на „Truth Social“, Трамп истакна дека целта на операцијата е заштита на американските граѓани и уништување на заканите што ги претставува иранскиот режим. Тој нагласи дека САД ќе ги погодат ракетната и нуклеарната инфраструктура, како и морнаричките капацитети на Иран.

Истовремено, Израел започна превентивни напади врз Иран, соопшти министерот за одбрана Израел Кац. Нападите се дел од координирана операција со САД, а во Израел е прогласена вонредна состојба.

Според непотврдени извештаи, дел од целите на нападите се и претседателскиот комплекс и домовите на иранските лидери, како и воени објекти, ракетни единици и системи за воздушна одбрана.

Овие напади следат по долгогодишни тензии меѓу САД, Израел и Иран, како и по неодамнешните индиректни преговори за иранската нуклеарна програма во Женева. Доналд Трамп го опиша иранскиот режим како „злобна група многу ужасни луѓе“ која 47 години заканува и врши насилство врз САД и нивните сојузници.

Ситуацијата во регионот останува напната, а светските медиуми следат дали конфликтот ќе ескалира дополнително.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo