ПРВ.мк
Топ Вести

МЕСТО ШТО ГО ПАМЕТИ СЕКОЕ ДЕТСТВО: 100 години ЗОО Скопје - приказна што го промени градот засекогаш!

МЕСТО ШТО ГО ПАМЕТИ СЕКОЕ ДЕТСТВО: 100 години ЗОО Скопје - приказна што го промени градот засекогаш!

Зоолошка градина Скопје заедно со Град Скопје организираат свечен настан со кој официјално започнува одбележувањето на големиот јубилеј – 100 години постоење на Зоолошката градина во Скопје.

Настанот ќе се одржи на 19 април во 11:00 часот, а со него ќе биде означен почетокот на серијата активности и проекти посветени на овој значаен јубилеј.

На свеченоста ќе бидат промовирани планираните содржини за годината, а обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

За најмладите посетители е подготвена едукативна и музичка програма, со цел настанот да биде комбинација од забава, учење и дружење, во духот на природата и животните кои ја симболизираат Зоолошката градина.

Организаторите упатуваат покана до сите граѓани да присуствуваат и заедно да го означат почетокот на јубилејната година.