ПРВ.мк
Свет

Шокантна вест: Волк нападна жена во центарот на градот!

Шокантна вест: Волк нападна жена во центарот на градот!

Инцидент што го вознемири еден од најголемите европски градови доби разврска што ретко кој ја очекуваше.

Во Хамбург, волк нападнал 65-годишна жена среде урбана средина, оставајќи ја со повреди на лицето. Иако повредите не биле животозагрозувачки, случајот предизвика силни реакции кај јавноста.

По неколку дена потрага, животното било фатено и згрижено во специјализиран центар. Но, наместо да остане во контролирани услови, властите донеле одлука што веднаш отвори дебата – волкот бил повторно пуштен во природа.

Опремен со уред за следење, сега неговото движење внимателно се мониторира. Надлежните тврдат дека ова е обид да се постигне рамнотежа меѓу безбедноста на луѓето и заштитата на дивите животни.

Сепак, загриженоста останува. Пред нападот, волкот бил забележан на повеќе локации низ градот, дури и во близина на училишта и приватни дворови.

Експертите сметаат дека станува збор за младо животно кое веројатно било оттурнато од својата група и бара нова територија – што може да објасни зошто се приближило до луѓето.

Најнови вести