Славниот италијански дизајнер на обувки, Чезаре Пачиоти, почина на 67-годишна возраст во Чивитанова Марке, Италија. Деталите за причината за смртта сè уште не се објавени, но семејството потврди дека бил опкружен со своите најблиски во последните моменти.
Пачиоти беше модна икона позната по својот провокативен и смел дизајн. Неговиот заштитен знак – штикла во форма на бодеж – стана симбол на страст, моќ и женственост. Неговите обувки ги носеа светски ѕвезди како Бијонсе и Парис Хилтон, а модните писти во Милано и Париз не можеа да поминат без негови креации.
Семејниот занает го наследил од родителите, кои ја основале фабриката за обувки во 1948 година. Во 1980 година, Пачиоти го лансира својот бренд „Cesare Paciotti“, со кој внесе сензуалност и бунтовност во висока мода. Подоцна, со линијата „Paciotti 4US“, ги прошири хоризонтите и во светот на облеката.
Во соопштението по неговата смрт, се вели:
„Иконскиот кама со остар врв, симболот на брендот, ќе остане како израз на идентитет и храброст. Ќе биде запаметен по својот заводлив стил и исклучителната човечка дарежливост.“
Пачиоти зад себе остави две возрасни деца – Лудовика и Џузепе – и тригодишна ќерка од вториот брак.
Модниот свет загуби уметник, но наследството на Чезаре Пачиоти засекогаш ќе чекори во стил.Вечна слава.