ПРВ.мк
Македонија

Тажна вест: Почина легендарниот тренер

Тажна вест: Почина легендарниот тренер

Македонскиот спорт денес загуби една од своите најголеми ракометни личности. На 72-годишна возраст почина Илија Темелковски, легендарен тренер и поранешен селектор на македонската ракометна репрезентација. Неговото име останува запаметено по две историски достигнувања: создавањето на моќниот Вардар и враќањето на националниот тим на светската сцена.

Како тренер на Вардар, Темелковски го предводеше тимот до првата историска двојна круна во сезоната 1998/1999, освојувајќи го и првенството и Купот на Македонија. Тој беше темелот врз кој се градеа идните европски успеси на клубот. Неговата кариера ја одбележаа и работа со двата најголеми ривали, Вардар и Пелистер, што ја потврдува неговата големина и посветеност кон спортот.

Како селектор на машката репрезентација, Темелковски го врати тимот на големата сцена, водејќи ја Македонија на Светското првенство во Хрватска во 2009 година и освојувајќи 11. место, што ја прекина долгата пауза од големите натпревари. Тој работеше и со женските младински селекции, докажувајќи ја својата посветеност кон иднината на македонскиот ракомет.

Илија Темелковски ќе остане запаметен како тренер-визионер, ракометен фанатик и човек кој целиот свој живот го посвети на спортот. Вечна му слава.

Во февруари годинава се појави лажна вест за неговата смрт, која тогаш беше демантирана од РФМ, но сега, за жал, таа тажна вест се покажа како вистинита.

Escape