Двајца кипарски полицајци се соочуваат со суспензија и истрага, откако видео од нивен интимен однос во службено возило во Ларнака стана вирално и предизвика бура реакции. Инцидентот се случил среде поле и во видик на минувачи.
Кипарската полиција потврди дека се преземаат кривични и дисциплински мерки: „На прв поглед, видеото изгледа автентично и затоа се покренува постапка за сериозни прекршоци. Ваквото однесување е неприфатливо и ја нарушува честа на полицијата“, се вели во официјалното соопштение.
Според локални извори, полицајците биле во вонбрачна врска, а и двајцата се во брак. Полицајката наводно е мајка на неколку деца. Видеото било снимено од случаен минувач кој ги забележал во моментот кога биле на должност.
Службата најави целосна истрага и предупреди дека ќе има нулта толеранција за вакви случаи.















