ПРВ.мк
Свет

Сите сте на нашиот нишан: Нетанјаху откри што Трамп лично му наложил – следуваат удари без милост!

Сите сте на нашиот нишан: Нетанјаху откри што Трамп лично му наложил – следуваат удари без милост!
Kristal

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху испрати предупредување што одекна низ целиот Блиски Исток: Израел ќе ја продолжи војната против Иран „без прекин и без компромиси“. Во видео-обраќање, Нетанјаху истакна дека има „организиран план со многу изненадувања“ за да се дестабилизира режимот и да се овозможат промени во Техеран.

Обраќајќи се на припадниците на Иранската револуционерна гарда, премиерот појасни дека секој кој ќе го положи оружјето ќе биде поштеден, додека останатите ќе сносат последици. „И вие сте на нашиот нишан“, порача Нетанјаху.

Тој нагласи дека целта не е поделба на Иран, туку ослободување на земјата, кое на крајот ќе зависи од самите Иранци. „Ова ослободување“ може да доведе до мир меѓу Израел и Иран, додаде премиерот.

Нетанјаху истакна дека американскиот претседател Доналд Трамп лично му рекол: „Мораме под секоја цена да го спречиме Иран да дојде до нуклеарно оружје“. Тој го пофали Трамп за „историското водство“ и потенцира дека Израел стои покрај другите земји погодени од Иран.

Премиерот, исто така, упати предупредување до либанската влада: мора да го спроведе договорот за прекин на огнот и да го разоружа Хезболах, во спротивно следуваат катастрофални последици за Либан.

Израелските официјални лица веруваат дека продолжувањето на кампањата може да предизвика колапс на режимот во Иран, бидејќи постои конфузија и борба за моќ меѓу високи функционери, а Русија и Кина се воздржуваат од интервенција.

Со ова, Израел испраќа јасна порака: „Светиме како оаза на сила и надеж“, а регионалната криза се очекува да се заостри во следните недели.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo