ПРВ.мк
Свет

СЕЛФИ ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Пилот „чукнал“ два борбени авиони за да се слика за Инстаграм!

СЕЛФИ ОД 100 МИЛИОНИ ДОЛАРИ: Пилот „чукнал“ два борбени авиони за да се слика за Инстаграм!

Она што требаше да биде емотивен „последен лет“ за еден јужнокорејски воен пилот, се претвори во една од најскапите и најбизарните воздухопловни несреќи во историјата. Наместо воени заслуги, пилотот доби казна од десетици илјади евра и срам што ќе го следи цел живот.

Истрагата за инцидентот што се случи над градот Даегу конечно ги откри шокантните детали. Додека управувал со моќниот F-15K Slam Eagle (вреден неверојатни 100 милиони долари), пилотот решил дека е поважно да го овековечи моментот со својот телефон отколку да ги држи рацете на командите.

Забавата станала опасна кога:

  • Пилотот го превртел авионот наопаку за да изгледа „покул“ на видеото што го снимал неговиот колега од другиот авион.
  • Леталата се доближиле на само неколку метри.
  • При обид да избегнат директен судир, челичните птици се „чукнале“ во воздух, оштетувајќи ги крилата и стабилизаторите.

Иако воените сили првично бараа пилотот да плати астрономски 880 милиони вони за да ја покрие целата штета, судот и одборот за ревизија се смилуваа. Бидејќи сликањето било „јавна тајна“ и широко распространета практика која војската не ја спречувала, казната беше намалена на 50.000 евра.

Виновникот во меѓувреме ја напуштил војската и денес работи за комерцијална авиокомпанија. Иако поминал со само „една десетина“ од казната, овој случај ги принуди јужнокорејските воздухопловни сили итно да ги забранат приватните телефони во кокпитот.

Овој инцидент е горко потсетување дека во ерата на социјалните мрежи, желбата за „лајкови“ може да чини милиони, па дури и човечки животи.

Најнови вести