Шпанската музичка икона, Хулио Иглесијас, се соочува со сериозни обвиненија за сексуално злоставување на две жени во 2021 година, објавија шпанските медиуми. Најмладата од жртвите тогаш имала 22 години.
Жените тврдат дека нападите се случиле додека работеле во неговите карипски вили, во Пунта Кана, Доминиканска Република, и на Лајфорд Кеј, Бахамите. Една од нив, домашна помошничка која се претставува како Ребека, тврди дека била принудена на сексуални односи, а кон неа се применувало физичко и вербално насилство. „Ме искористуваше речиси секоја ноќ. Се чувствував како предмет, како робинка!“, изјавила таа.
Втората тужителка, која се претставува како Лаура, тврди дека била допирана против своја волја и изложена на постојано вознемирување и понижување за време на работниот однос со пејачот. Наводно, многу од средбите се случувале во присуство на друг, постар член на неговото домаќинство.
Обвиненијата беа објавени по заедничка истрага на шпанскиот весник „Ел дијарио“ и телевизијата „Унивисиjон“. Засега, Иглесијас не одговорил на прашањата испратени од медиумите, додека поранешна менаџерка ја бранише неговата репутација, опишувајќи го како „скромен, дарежлив и вистински господин“.
Хулио Иглесијас е светска латино-ѕвезда со над 300 милиони продадени албуми, но овој пат се наоѓа во центарот на сериозна правна и медиумска драма која ја потресува музичката сцена.

















