Вечерва на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на маркетот „Веро“, се случи верижен судар со учество на четири возила. Дел од автомобилите се сериозно оштетени, а засега нема официјални информации за повредени лица.
На местото на несреќата пристигнаа надлежните служби за увид, кои работат на утврдување на причините за сударот. Поради инцидентот, сообраќајот на овој дел од булеварот се одвива отежнато, а возачите се советуваат да користат алтернативни рути додека трае расчистувањето.
Сведоци на настанот велат дека сударот се случил нагло, а деталите за точниот тек на незгодата и евентуалните материјални штети се сè уште во проценка.

















