ПРВ.мк
Свет

ПУТИН ГО ПОНИЖИ ЛОНДОН: Светот не верува што направија Русите, Британците само гледаа!

ПУТИН ГО ПОНИЖИ ЛОНДОН: Светот не верува што направија Русите, Британците само гледаа!

Русија демонстративно покажа дека е подготвена да го заштити својот извоз на нафта, во услови на западни санкции, откако воениот брод го придружуваше два санкционирани танкери низ Ламанш, додека британските сили не реагираа. Фрегатата „Адмирал Григорович“, наоружана со противбродски и противвоздушни ракети, пловеше помеѓу танкерите „Universal“ и „Enigma“, кои се движеле покрај јужниот брег на Англија. Британскиот брод на Кралската поморска флота „Tideforce“ ги следеше од дистанца, без обид да ги запре или заплени.

Сцената ја следеше новинар од бродот „Royal Charlotte“, околу 16 километри од Доувр, а истовремено беа забележани уште два санкционирани руски танкери кои минуваа низ овој важен поморски коридор без никакви последици.

Иако британскиот премиер Кир Страмер уште минатиот месец им дал овластување на специјалните сили да запленуваат бродови кои превезуваат руска нафта, досега ниту еден танкер не е задржан. И покрај најавите за „остар удар“ врз таканаречената „флота во сенка“, британските власти не презедоа конкретни мерки.

Овој инцидент се вклопува во поширок тренд на рускиот начин на избегнување санкции, за што претходно известуваа британскиот „Телеграф“ и други западни медиуми, посочувајќи на растечката активност на таканаречената „флота во сенка“ и ограничените можности на Запад да ја сопре.

Проценките велат дека Русија располага со околу 700 бродови кои ја сочинуваат оваа паралелна флота, превезувајќи околу 40 отсто од нејзиниот извоз на нафта. Многу од танкерите имаат скриени сопственички структури, често пловат под знамиња на трети земји и користат застарени бродови, што дополнително го зголемува ризикот од еколошки инциденти.

Во меѓувреме, британската влада се соочува со се поголеми критики поради состојбата на морнарицата и одбранбените капацитети. По нападот со ирански дрон врз британска база на Кипар, единствениот достапен разурнувач „HMS Dragon“ бил испратен на Блискиот Исток, но морал да се врати во пристаништето поради технички проблеми. Дополнителен притисок доаѓа и од САД, каде претседателот Доналд Трамп ги нарече британските носачи на авиони „играчки“, а министерот за одбрана Пит Хегсет ја критикуваше способноста на Кралската морнарица.

Безбедносните аналитичари предупредуваат дека Москва со ваквите потези сака да ги демонстрира слабостите на Западот. „Русите очајнички сакаат нафтата да продолжи да тече и војната во Украина да продолжи. Во моментов се играат со Лондон“, оцени британски експерт за безбедност, Ендру Фокс.

Иако британските закони дозволуваат заплена на танкери согласно санкциите од 2018 година, таквата операција би барала значителни ресурси, вклучително специјални сили и логистика за сместување на запленетите бродови.

Во исто време, Москва јасно порача дека секој обид за заплена ќе предизвика одговор. Рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин, предупреди дека „соодветни мерки веќе се подготвуваат“, наговестувајќи можност за дополнителна ескалација.

Во вакви околности, поминувањето на руски танкери низ еден од најпрометните поморски правци во светот без каква било реакција од Западот, дополнително ја отвора дилемата за реалната ефикасност на санкциите и способноста на Европа да ги спроведе во практика.