ПРВ.мк
Свет

(ВИДЕО) Пратеник на Трамп ја отвори дилемата: Дали Русија му помага на Иран?

(ВИДЕО) Пратеник на Трамп ја отвори дилемата: Дали Русија му помага на Иран?
Kristal

Специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, изјави дека во разговорите со Русија побарал да не споделува разузнавачки информации со Иран.

Во изјава за новинарите на претседателскиот авион, Виткоф посочи дека Москва ѝ го пренела својот став на САД, иако додаде дека не може со сигурност да потврди дали Русија сепак му помага на Техеран. „Се надевам дека Русите не споделуваат разузнавачки информации со Иран. Не сум разузнавач и не можам да ви кажам со сигурност. Но, вчера во разговор со претседателот Трамп, Русите ни рекоа дека не делеле информации. Тоа го кажаа. Можеме да им веруваме на збор. Да се надеваме дека не делат“, изјави Виткоф.

Американскиот претседател Доналд Трамп исто така потенцираше дека САД немаат сигурни информации дали Русија му доставува разузнавачки податоци на Иран, по објавите во американските медиуми дека Москва можеби му помага на Техеран.

Нападите врз Иран започнаа на 28 февруари од страна на САД и Израел, при што беа погодени големи градови, вклучително и Техеран. Белата куќа ги оправда нападите со тврдења за ирански ракетни и нуклеарни закани и повика на бунт против иранската власт.

Во нападите загина и врховниот лидер на Иран, ајатолах Али Хамнеи, како и неколку високи функционери. Потоа Иран започна одмазднички операции насочени кон Израел, при што беа погодени и американски воени бази во Бахреин, Јордан, Катар, Кувајт, Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија.

ЛИНК ОД ВИДЕОТО

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape