Во Букурешт вечерва беше регистриран земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала, околу 18:21 часот.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот се наоѓал на географска ширина 45,8336 и должина 26,7157, а хипоцентарот бил на длабочина од околу 120 километри под површината.
До овој момент нема пријави за материјална штета или повредени, а надлежните служби продолжуваат да ја следат ситуацијата и да ги информираат граѓаните за евентуални последици.


















