ПРВ.мк
Свет

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИ ТРАГЕДИЈА: Малолетник планирал масакр - пронајдени страшни докази!

ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИ ТРАГЕДИЈА: Малолетник планирал масакр - пронајдени страшни докази!
Kristal

Седумнаесетгодишно момче од Пескара е уапсено во Перуџа, во регионот Умбрија, под сомнение дека планирало масакр во училиште, јавуваат италијанските медиуми.

Според информациите, тој е осомничен за ширење пропаганда и поттикнување злосторства врз основа на расна, етничка и верска омраза, како и за планирање напад по примерот на масакрот во средното училиште Колумбајн во САД во 1999 година, кога беа убиени 13 лица.

Осомничениот бил приведен и, по наредба на судија за малолетници, префрлен во затвор за малолетници. При претресот кај него биле пронајдени прирачници со упатства за изработка на оружје, технички информации за опасни хемиски и биолошки супстанции, како и материјали за саботажа на јавни служби.

Истрагата открила дека малолетникот и уште неколку други лица биле во контакт со неонацистичка група на Телеграм, која ширела екстремистички содржини и величела масовни убијци.

Полицијата наведува дека постоела јасна намера за извршување на напад во училиште, а се сомнева дека групата е дел од поширока меѓународна мрежа со екстремистичка идеологија.

Седум други малолетници се под истрага, а случајот и понатаму се расчистува.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo