ПРВ.мк
Свет

„Хјуман рајтс“ алармира: Иран ја користи забранетата муниција – цивили во опасност!

„Хјуман рајтс“ алармира: Иран ја користи забранетата муниција – цивили во опасност!
Kristal

Меѓународната организација за човекови права „Хјуман рајтс воч“ денес откри шокантни податоци: Иран, од почетокот на конфликтот на 28 февруари, користел забранета касетна муниција против Израел, со трагични последици – најмалку четири цивили загинале.

Според организацијата, ова оружје е посебно опасно бидејќи распрскува многубројни експлозивни сегменти на големи површини, оставајќи долгорочна закана дури и по завршувањето на нападот. ХРВ анализирала 50 видеа и пет фотографии, како и шест слики од неексплодирани подмуниции во Израел и на Западниот Брег, кои наводно ја потврдуваат употребата на ова оружје.

Касетната муниција, меѓународно забранета поради неселективната природа, ги изложува цивилите на сериозни и долготрајни ризици, особено кога делови од експлозивите остануваат неексплодирани на теренот.

Организацијата повика Иран да ја запре оваа практика и потсети дека сите страни во конфликтот мора да го почитуваат меѓународното хуманитарно право.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo