ПРВ.мк
Свет

Кардиналот доби дозвола за Светиот Гроб – што се крие зад одлуката на Нетанјаху?

Кардиналот доби дозвола за Светиот Гроб – што се крие зад одлуката на Нетанјаху?
Kristal

По жестоките критики, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди латинскиот патријарх, кардинал Пјербатиста Пицабала, да добие „неограничен и непосреден пристап“ до Црквата на Светиот Гроб во Ерусалим.

Кардиналот претходно беше спречен од израелската полиција да ја изврши традиционалната литургија за Цветници во црквата, што беше оценето од Латинската патријаршија како „сериозен преседан“.

Нетанјаху на платформата X соопшти дека надлежните органи мораат да му обезбедат слободен пристап, по што се очекува ситуацијата да се смири и католичкиот обред да се одржи без дополнителни инциденти.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo