ПРВ.мк
Свет

УЖАС: Осум скијачи пронајдени мртви, по еден сè уште се трага!

УЖАС: Осум скијачи пронајдени мртви, по еден сè уште се трага!
Kristal

Страшна несреќа ја потресе Северна Калифорнија откако силна лавина затрупа група скијачи во планинската област Касл Пик, во близина на Траки, на околу 16 километри северно од езерото Тахо. Според официјалните информации, осум лица го загубиле животот, додека по едно лице сè уште се трага.

Лавината удрила околу 11:30 часот по локално време и зафатила група од 15 скијачи кои се движеле надвор од обележаните патеки. Тие биле дел од организирана тура и се враќале од тридневна експедиција кога ненадејно биле затрупани од масивна снежна маса.

Шестмина успеале да преживеат. Меѓу нив имало водич и петмина учесници, кои во екстремни услови изградиле импровизирано засолниште од церади и воспоставиле контакт со спасувачките служби преку радио и пораки. Двајца од нив биле пренесени во болница бидејќи не можеле самостојно да се движат.

Регионот претходно бил погоден од силна бура со обилни снежни врнежи, урагански ветрови и нестабилни временски услови. Надлежните служби издале предупредување за зголемена опасност од лавини уште рано наутро истиот ден, посочувајќи дека брзото натрупување снег создава исклучително ризична ситуација.

Потрагата по исчезнатото лице продолжува, додека спасувачките екипи се соочуваат со тешки временски услови и нестабилен терен.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo