ПРВ.мк
Свет

Иран соопшти – Израел е под оган, збришани три американски воени бази?!

Иран соопшти – Израел е под оган, збришани три американски воени бази?!
Kristal

Додека светот се надева на дипломатија, на теренот зборува само оружјето. Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) штотуку објави драматично соопштение кое ги крена сите аларми: нивните ракети и беспилотни летала наводно веќе ги погодиле зацртаните цели длабоко во територијата на Израел, но и три стратешки американски бази во регионот!

Иран тврди дека извршил прецизни удари врз три клучни точки каде се стационирани американските сили:

  1. Базата „Али Ал Салем“ во Кувајт: Клучна логистичка точка за операциите на САД.
  2. Базата во Ал-Харџ, Саудиска Арабија: Една од најмоќните воздухопловни бази во регионот.
  3. Базата „Ал Дафра“ во Обединетите Арапски Емирати: Центар на американското воено присуство во Заливот.

Според агенцијата „Тасним“, иранските дронови и ракети го пробиле штитот во северниот, централниот и јужниот дел на Израел. Иако Израел сè уште не ги потврдува овие наводи, жителите на социјалните мрежи споделуваат снимки од сирени и експлозии кои го осветлуваат ноќното небо.

Овој напад доаѓа како директен одговор на американско-израелската офанзива која започна кон крајот на февруари. Додека претседателот Трамп изјавува дека „постои шанса за договор“, ситуацијата на теренот покажува дека нема милост. Иран се обидува да покаже дека ниту една американска база во регионот веќе не е безбедна.

Светот чека официјална потврда од Вашингтон и Тел Авив. Ако овие удари се навистина толку разорни како што тврди ИРГЦ, Блискиот Исток веќе не е пред војна – Блискиот Исток Е ВО ТОТАЛНА ВОЈНА!

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo