Стјуардеса ja преживеала тешката авионска несреќа во која учествувал авион на Ер Канада – била пронајдена надвор од авионот, сè уште врзана за своето седиште, изјавил полициски извор за Си-Ен-Ен.
Несреќата се случила откако авионот при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, се судрил со возило на Порт Авторити. Две лица загинале во несреќата, претходно објави Си-Ен-Ен.
Авионот превезувал вкупно 72 патници и четири члена на екипажот, соопшти авиокомпанијата.
Првичните извештаи покажуваат дека 41 патник и член на екипажот биле однесени во болница, додека 32 се пуштени на домашно лекување. Информацијата ја даде извршната директорка на Порт Авторити, Кетрин Гарсија, на прес-конференција рано наутро во понеделник.
Приближно околу 23:40 часот, авион на „Џез Авиејшн“ што оперирал во име на „Ер Канада“ удрил во возило на Пристанишната управа за спасување и противпожарна заштита (ARFF). Возилото во моментот било среде интервенција поради друга инцидент, соопшти Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси.
Двајца лица во камионот се повредени во судирот, потврди официјален претставник за CNN. На возилото наводно му било дозволено да продолжи кон друг авион кој пријавил мирис во пилотската кабина.
Аеродромот Ла Гвардија моментално е затворен.


















