ПРВ.мк
Свет

Аларм: Аеродромот остана без летови поради опасен материјал во контролната кула

Аларм: Аеродромот остана без летови поради опасен материјал во контролната кула
Kristal

Авиосообраќајот на аеродромот „Скавста“, во близина на Стокхолм, привремено е парализиран откако во зградата на контролната кула биле откриени честички од азбест. Инцидентот предизвика итно затворање на објектот и пренасочување на сите летови, пренесуваат шведските медиуми.

Како што информира јавниот сервис SVT, проблемот бил откриен минатата недела за време на планирани градежни зафати на таванот во контролната кула. По првичните сомнежи, направени се лабораториски анализи кои потврдиле присуство на азбест – материјал познат по сериозните здравствени ризици.

По координација меѓу аеродромските власти и службите за контрола на воздушниот сообраќај, донесена е одлука за привремено затворање на кулата, што автоматски довело до пренасочување и одложување на летовите од и кон Скавста.

Надлежните служби уверуваат дека ситуацијата е под контрола и дека санацијата треба да биде завршена до утре околу 13 часот, по што се очекува постепено нормализирање на авиосообраќајот.

И покрај инцидентот, летот на авиокомпанијата „Виз ер“ од Белград до Скавста, закажан за утре во 23:35 часот, засега останува во распоредот. Според информациите објавени на официјалната веб-страница на аеродромот „Никола Тесла“, нема најавени измени или откажувања.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape