Актерот Ченинг Тејтум сподели фотографија од болницата на својот Инстаграм профил, откривајќи дека морал да се оперира.
„Само уште еден ден. Уште еден предизвик. Ова ќе биде тешко. Но, што и да е. Ајде да се потрудиме“ – напиша тој покрај црно-белата фотографија од болничката соба.
Тејтум понатаму сподели повеќе детали за неговата повреда на социјалните мрежи, откривајќи дека бил опериран поради скршено рамо.
Не е познато дали повредата се случила на снимањето на филм, со оглед на тоа што е познат како актер кој сам ги изведува своите каскадерски сцени.
Ченинг Тејтум и актерката Џена Дјуан поднесоа барање за развод во 2018 година, но двајцата сакаа приказната за нивната разделба да ја чуваат приватна уште неколку години.
Двојката има десетгодишна ќерка, Еверли, а Ченинг не крие дека разводот му бил тежок, особено затоа што не може да биде со детето цело време.
„Се обидовме да останеме заедно, се обидувавме година и пол, но знаевме дека е крај. Да не навлегувам во сето тоа. Тоа е минато. Но, навистина е тешко што ја немам ќерка ми половина од времето. Жалам што не можев да бидам со неа цело време“, искрен беше Ченинг во интервју за списанието „Variety“.


















