Австралиската ѕвезда Margot Robbie повторно ја разбранува јавноста со искрени и смели детали од својата кариера. Во нови интервјуа таа зборува за најстраствениот проект досега – филмот Wuthering Heights, кој пристигна во кината на 13 февруари.
Во оваа адаптација на култниот роман, Роби открива дека филмската верзија е многу послободна од оригиналот. Наместо воздржана романса, сцените се исполнети со страст, блискост и интензивна хемија меѓу ликовите.
Но, најмногу внимание привлече нејзиното признание за најнеобичното место каде имала интимно искуство – на џет-ски, среде вода. Иако не откри детали, искреноста предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Нејзината најпозната сцена останува онаа од The Wolf of Wall Street, каде глумеше покрај Leonardo DiCaprio. Иако на екранот изгледаше гламурозно, зад камерите реалноста била далеку од совршена – снимањето ѝ оставило физички траги и непријатни ситуации.
Роби открила и дека пред одредени сцени пиела малку текила за да ја намали тремата, признавајќи дека снимањето со холивудски ѕвезди во раните дваесетти години било огромен предизвик.
Во филмот Babylon, каде игра покрај Brad Pitt, таа учествува во ексцентрични сцени инспирирани од дивата ера на Холивуд, опишувајќи ги како хаотични, луди и крајно провокативни.
Марго Роби повторно докажа дека не се плаши од ризични улоги – ниту пред, ниту зад камерите.
















