Претседателот на САД, Доналд Трамп, соопшти дека американските сили со прецизни проектили ги уништиле сите воени цели на островот Харг, главниот терминал каде се концентрирани околу 90% од иранската нафта за извоз.
Трамп додаде дека ако Иран ја продолжи блокадата на Ормуски Проток, САД се подготвени да извршат напади и врз нафтената инфраструктура на островот. Харг се наоѓа на 26 километри од иранскиот брег и околу 500 километри северозападно од Ормускиот Проток.
Додека Иранската Револуционерна гарда ги нападнува танкерите и товарните бродови кои се обидуваат да поминат низ протокот, иранските танкери преку Харг продолжуваат со извезување сурова нафта, со капацитет меѓу 1,1 и 1,5 милиони барели на ден од почетокот на конфликтот пред две недели.
Трамп најави дека американската морнарица наскоро ќе почне да ги придружува танкерите низ Ормускиот Проток. Исто така, извори во Вашингтон не исклучуваат ни ограничена копнена операција, додека борбената група на амфибискиот десантен брод „Триполи“ веќе се упатува од Пацификот кон Блискиот Исток со 5.000 маринци и морнари.


















