Она што се случува во Ормуската Теснина сè повеќе личи на сценарио со глобални последици. Илјадници бродови и десетици илјади морнари остануваат блокирани, додека тензиите растат од час во час.
Според Арсенио Домингез од Меѓународна поморска организација, ситуацијата веќе претставува сериозен удар за светската трговија. Околу 20.000 морнари се заглавени на море, изложени на стрес, замор и намалени ресурси – проблем што секој ден станува посериозен.
Дополнителен удар доаѓа од осигурителните компании, кои или се повлекуваат или поставуваат енормни цени, правејќи го секое испловување речиси невозможно.
Иако засега се избегнува хуманитарна криза благодарение на помошта од околните земји, притисокот расте. Меѓународна поморска организација веќе бара итно воспоставување на безбеден коридор, но решението не е на повидок.
Во меѓувреме, предлогот на Доналд Трамп за воена придружба на бродовите се смета за ризичен и тешко одржлив, со оглед на потенцијалните закани.


















