ПРВ.мк
Свет

АЛАРМ ВО КИЕВ: Русија со масовни напади врз Украина - неверојатен број на дронови употребени за една недела!

АЛАРМ ВО КИЕВ: Русија со масовни напади врз Украина - неверојатен број на дронови употребени за една недела!
Kristal

Руските сили во изминатата недела извршиле масовни напади врз Украина, користејќи повеќе од 3.000 беспилотни летала, над 1.450 наведувани авиобомби и 40 ракети од различен тип, објави претседателот Володимир Зеленски.

Според него, значителен дел од нападите биле изведени со дронови од типот Shahed, кои се користат сè почесто и во други конфликти, вклучително и на Блискиот Исток и во Персискиот Залив.

Зеленски предупреди дека руските воени активности не само што не стивнуваат, туку се интензивираат со сериозни инвестиции во продолжување на војната, што според него води кон поширока меѓународна дестабилизација и ризици за глобалните пазари и поморските рути.

– Мораме заеднички да произведуваме модерни одбранбени системи потврдени во војна. Треба да ги обединиме нашите капацитети за луѓето да живеат во мир во Европа, на Блискиот Исток и во другите делови од светот – порача Зеленски.

Тој додаде дека украински експерти веќе направиле детална анализа на одбранбените капацитети на Катар и предложиле конкретни решенија за зајакнување на противвоздушната одбрана во регионот.

Изјавите доаѓаат во време на засилени напади и зголемени безбедносни тензии, кои сè повеќе добиваат глобална димензија.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo