Командантот на морнарицата на Иран, Шахрам Ирани, упати остра закана дека американскиот носач на авиони USS Abraham Lincoln ќе биде нападнат веднаш штом се најде во дострел на иранските ракети.
– Веднаш штом ударната група на носачот „Абрахам Линколн“ ќе влезе во нашиот дострел, ќе се одмаздиме за крвта на мачениците од фрегатата „Дена“ со истрелување на различни видови противбродски ракети – изјави Ирани.
Тензиите дополнително ескалираа откако фрегатата „Дена“ беше потоната на 4 март, настан кој Техеран го припишува на САД. Иранската морнарица претходно соопшти дека веќе извршила гранатирање со крстосувачки ракети во близина на американскиот носач.
Овие случувања ја влошуваат безбедносната состојба во регионот, особено околу стратешки важниот Ормуски Теснец, каде секое ново воено дејство може да има сериозни глобални последици.



















