Гренд слем шампионката Серена Вилијамс, носителка на 23 титули од големите турнири, ја најави својата враќање во професионалниот тенис по неколкугодишната пауза.
Американката, која последенпат настапи во 2022 година, го помина задолжителниот шестмесечен период во антидопинг системот – клучен услов за враќање во професионалниот спорт по пензионирањето.
Иако Серена нема да биде под голем притисок за учество на сите турнири, се очекува дека можеби ќе се појави веќе во март на Индијан Велс. Меѓу другите реални опции за нејзино враќање се турнирите во Мајами, Мадрид, Рим, Ролан Гарос и Вимблдон.
На 44 години, нејзиното враќање ќе привлече големо медиумско внимание, без разлика на тоа каде ќе се појави. Нејзината сестра Венус Вилијамс (45) неодамна учествуваше на Австралија опен, потврдувајќи дека легендите на тенисот се уште можат да бидат дел од најголемите сцени.
Очекувањата се дека Серена повторно ќе донесе возбуда и емоции на терените, потсетувајќи ја публиката зошто е една од најголемите во историјата на спортот.

















