На 8 февруари 2026 година, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода четворица млади лица од Куманово – Л.Б. (23), М.Р. (22), А.С. (19) и К.К. (23), поради инцидент на фудбалски натпревар во село Доброшане.
На натпреварот помеѓу клубовите „Башкими“ и „Куманово“, осомничените со тврд предмет нападнале Ф.Б., кој е вработен во фудбалскиот клуб „Башкими“.
По целосно документирање на случајот, против четворицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

















