Улицата 2 во населбата Расадник е целосно реконструирана во најбрз можен рок. Реконструираната улица има должина од 250 метри и површина од 1000 м².

Во населбата наскоро ќе се реализира и реконструкција на улиците:
- улица Ангел Мојсковски
- улица Александар Грличков
- улица Љубинка Басотова
Градските власти нагласуваат дека инвестициите се насочени кон објекти и улици кои со децении не добивале внимание. Се очекува овие активности да придонесат за модернизирање и развој на општина Бутел како подобро место за живеење.




















