ПРВ.мк
Скопје

Сребро од Европа за Бутел: Немања Младеновиќ блесна на Европското првенство и стана вице-шампион!

Сребро од Европа за Бутел: Немања Младеновиќ блесна на Европското првенство и стана вице-шампион!
Kristal

Голем успех за македонскиот спорт и за Општина Бутел. Младиот борец Немања Младеновиќ блесна на 53-тото Европско првенство за кадети, јуниори и У21, кое се одржа во Кипар, и се врати дома со сребрен медал околу вратот.

Во силна конкуренција од цела Европа, Немања се избори за финале во категоријата кадети +70 килограми, остварувајќи четири убедливи победи на патот до завршната борба. Со тоа, тој ја освои вице-шампионската титула и уште еднаш покажа дека македонските млади спортисти можат рамноправно да се натпреваруваат со најдобрите.

Неговото учество и резултат се доказ за посветеноста, дисциплината и континуираната работа, како и за поддршката што ја има од тренерите, семејството и локалната заедница. Освојувањето на второто место на европска сцена претставува огромен успех, особено ако се земе предвид квалитетот и бројноста на натпреварувачите во оваа возрасна категорија.

Бутел со години важи за расадник на млади спортски таленти, а успехот на Немања е уште една потврда дека вложувањето во младите носи резултати. Овој медал не е само личен успех, туку гордост за целата општина и поттик за нови генерации спортисти да веруваат во себе и да се борат за врвни достигнувања на меѓународната сцена.

Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo