ПРВ.мк
Скопје

Расадник влегува во нова фаза: Нови улици, паркинзи и целосна трансформација на овој дел од Бутел!

Расадник влегува во нова фаза: Нови улици, паркинзи и целосна трансформација на овој дел од Бутел!
Kristal

Започнаа нови градежни активности во населеното место Расадник, со што продолжува реконструкцијата на уличната инфраструктура во рамки на Општина Бутел. Денеска стартуваа работите на улица 2, зафат кој опфаќа должина од 250 метри и површина од околу 1000 квадратни метри.

Со оваа реконструкција не се предвидува само обновување на коловозот, туку и обезбедување нови паркинг места, што треба да придонесе за подобра организација на сообраќајот и олеснување на секојдневието на жителите во овој дел од населбата.

Од локалната самоуправа најавуваат дека ова е само дел од поширок план за инфраструктурно унапредување на Расадник. Во наредниот период е предвидена реконструкција и на улиците „Ангел Мојсковски“, „Александар Грличков“ и „Љубинка Басотова“, со што ќе се опфатат повеќе клучни сообраќајници во населбата.

Претходно беше завршена и реконструкцијата на главната улица во ова населено место – улица 21, со што беше поставена основа за понатамошно уредување и модернизација на целокупната патна мрежа во Расадник.

Од општината порачуваат дека инвестициите се насочени кон делови кои во изминатите децении биле запоставени, со цел да се обезбедат подобри услови за живот, побезбедни улици и поуредена урбана средина.

Со континуирани инфраструктурни зафати, локалните власти најавуваат дека ќе продолжат со развојните активности, со амбиција Општина Бутел да прерасне во модерна и функционална средина за сите жители.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo