Јавното сообраќајно претпријатие ЈСП Скопје информира дека жичницата на Водно денес нема да функционира поради засилен ветер.
Од претпријатието објаснуваат дека измерената јачина на ветерот ги надминува дозволените безбедносни граници за нормално и сигурно работење на системот, поради што е донесена одлука за привремено запирање на услугата.
Надлежните служби ја следат состојбата на терен, а жичницата ќе биде повторно ставена во функција веднаш штом временските услови дозволат безбедно превезување на патниците.



















