Марија Шерифовиќ, која по напуштањето на жирито во „Ѕвездите на Гранд“ целосно му се посвети на синот Марио, неодамна откри дека нејзиниот план за воспитување со квалитетна музика се нарушува – и тоа токму од нејзината мајка, Верица Шерифовиќ.
Во интервју, Марија откри дека музичкиот вкус на бабата не ѝ е по мерак, па често се слушаат песни како „Вози, вози, Радо“, додека таа лично преферира модерна музика, како онаа на Бруно Марс.
„Ќе изгинеме од сељаклук, сине, не слушај ја баба!“ – изјавила Шерифовиќ, со нејзиниот препознатлив сарказам.
Иако не ја следи активно денешната музичка сцена, таа ја пофали Емина Јаховиќ, истакнувајќи дека има квалитетни песни. Сепак, според неа, современата сцена е преплавена со „неталентирани луѓе“ и музика без вистинска вредност.
За иднината, Марија вели дека планира да го посвети времето на синот и блиските, освен евентуалниот концерт во март во Сава Центар, кој сè уште е неизвесен.