Популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција на аеродромот во Гетеборг, дознаваат медиумите.
Настанот се случил при гранична контрола, кога надлежните служби ги проверувале патниците кои пристигнувале во Шведска. Додека неговите колеги Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гилет Јашарспахиќ без проблеми ја поминале контролата и влегле во земјата, на Лукас му бил забранет влез од засега непознати причини.
Според извори блиски до случајот, пејачот бил задржан на дополнително испрашување, по што била донесена одлука да не му се дозволи влез во Шведска. Причините за ваквата одлука засега не се официјално соопштени.



















